| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово минус 16 на Маврово, студениот бран ќе се задржи до недела

mrazУтрово имаме променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Во Маврово и во Пожаране провејува снег. Утринската температура, според УХМР се движи од -16 до -2, и тоа:

-16 Маврово, -14 Крушево, -11 Битола, -10 Кр.Паланка, -9 Берово и Претор,, -8, Охрид Дебар и Прилеп, -6 Скопје-Петровец, Куманово, Тетово и Виница, -5 Штип и Струмица, -4 Скопје-З.Рид, Кавадарци, Дојран и  Д. Капија, -2 Гевгелија.

 Во текот на денот не очекува променливо облачно време и студено со сончеви периоди. Локално повремено ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на планините ќе достигнува брзина до 80 км/ч. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со повремено провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, на моменти засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 2 степена.

Утре ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен, а само на места повремено засилен северен ветер. Локално ќе има услови за провејување слаб снег. Утринската температура во наредните два дена ќе се задржи ниска и на повеќе места ќе се спушти под -5, а на планините -15 степени.

Потоа до недела времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст како на утринската, така и на дневната температура на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top