| четврток, 6 декември 2018 |

Жените од ДОМ бараат еколошки материјали во градинките и училиштата

ljiljana-popovska-dom-685x320

По повод денешниот верски празник Прочка, Форумот на жените на ДОМ организираше уметнички хепенинг на „Школката“ во Градски парк.

Носителот на кандидатската листа на советници на ДОМ за општина Центар, Бети Дејанова, честитајќи им го празникот на сограѓаните изјави дека ќе се залага за еколошки безбедни и проверени материјали од кои се градат градинките и училиштата во кои децата поминуваат значителен дел од своето детство.

– Ние, жените од ДОМ во општинските совети ќе се залагаме за отстранување на сите вградени материјали за кои е докажано дека имаат штетно влијание врз здравјето на нашите деца и нивна замена со материјали кои се проверено еколошки и не го нарушуваат нивното здравје, рече Дејанова.

Идните советнички од ДОМ ќе се залагаат за воведување на еколошка култура во воспитно-образовниот процес, бидејќи како што посочуваат, искуствата докажуваат дека еколошката свест најуспешно се гради од најраната возраст.

Во рамките на хепенингот беше изведена и мини работилница за рециклирање на пластични шишиња во хранилки за птици, а беше изведена и кратка уметничка програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top