
Вкупно 49 кавадарчани пријавија штета од дождовите што ја зафатија Македонија во изминатите неколку дена.
Како што информира денеска општината, комисиите за лозарство и за земјоделство посетија 30 локации на кои се пријавени штети.
– Се работи за катастарските општини Дреново, Раец, Танко патче, Глишиќ, Кавадарци и Моклиште. Има оштетувања на лозја, ниви и едногодишни култури – информираат oд општината.
Во наредниот период ќе бидат посетени уште 19 локации на кои се пријавени штети од поплавите што го зафатија Кавадаречко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


