| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо запеа караоке на својот роденден (видео)

Cristiano-Ronaldo-Model-Fashion-Wallpaper-PC

Кристијано Роналдо, кој е популарен со своите вештини на фудбалскиот терен, на својот 30-ти роденден, набргу откако неговиот тим Реал Мадрид загуби со 4:0 од Атлетико Мадрид, го грабна микрофонот и на импровизирана сцена, запеа заедно со својот пријател, колумбискиот продуцент и пејач Кевин Роланд.

Cristiano-Ronaldo-karaoke

Роналдо, кој од неодамна е слободен, откако шокантно ја заврши 5-годишната врска со моделот Ирина Шаек, избра да отпее на својот мајчин јазик, провокативна песна, во која се пее за маж кој сака секс, но не и љубов.

Дел од стиховите на песната се: „Не го сфаќај лошо тоа што барам само секс, а не љубов. Јас сум тој, кој го сакаш оваа ноќ во твојот кревет“.

Триесетиот, јубилеен роденден Роналдо го прослави со 150 гости во ресторанот„In Zalacain“ во Мадрид.

Уште за време на неговата врска со Ирина имаше гласини дека тој не ѝ бил верен. Една од неговите евентуални изневерувања е Бразилката Андреа Урач, која јавно откри дека имале сексуални односи, додека тој бил во врска со супермоделот. Не тоа, сепак, не е причината за нивната разделба, туку одбивањето на Ирина да го прослави со него 60-тиот роденден на мајка му.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top