Јавниот обвинител на Украина, Виталиј Јарема, поднесе оставка, соопшти денес на Фејсбук пратеничката од парламентот Алена Шкрум.
– Сега ја очекуваме одлуката на претседателот, истакнува таа. Разрешување на Јарема го бараа над 130 пратеници од украинската Врховна рада, незадоволни од неговата неинициативност, одолговлекување на истрагите на голем број случаи од голем јавен интерес. За да се закаже разгледување на прашањето во парламентот, неопходни се 150 гласа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



