| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадата на Германија во Приштина предупредува на „егзодус“ во Косово

кос

Германската Амбасада во Приштина предупреди на „лавина азиланти од Косово“, објави „Билд ам Зонтаг“, наведувајќи дека дипломатите бараат итна акција од германските власти и веруваат дека со брзи мерки, пред се од Берлин, може да се запре масовниот егзодус во Косово.

– Колку е драматична ситуацијата во најсиромашната земја во Европа, покажува и повикот за помош на Амбасадата на Германија во Приштина од 3. февруари, упатен до германското Министерство за надворешни работи, при што се посочува дека има драматичен пораст на иселувањето на Косовците – пишува „Билд ам Зонтаг“.

Весникот наведува дека илјадници луѓе заминуваат од Косово и дека најголемиот број илегално пристигнуваат во Германија.

Германската амбасада во Приштина бара од Берлин да се намали постапката за враќање на илегалните имигранти во Косово.

Според податоци на германскиот Сојузен завод за миграција и бегалци, минатата година 8.923 Косовци поднеле барање за азил во Германија, што е за 101 проценти повеќе во споредба со 2013 година.

Во меѓувреме унгарската полиција соопшти дека вчера привела 1.022 имигранти кои нелегално ја преминале српско-унгарската граница. Од приведените 991 биле Косовци. Во петокот во реонот на Чонград биле задржани 1.269 илегани имигранти од кои 1.233 лица се од Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top