ЕУ претрпи загуби во износ од 21 милијарди евра, како резултат на санкциите против Русија, поради украинската криза. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Гарсија – Маргаљо, за време на средбата со своите европски колеги во Брисел, на која се дискутирале понатамошните мерки.
– Сите ние ја осеќаме високата цена на санкциите. Досега ЕУ загуби 21 милијарда евра. Шпанија поднесува тежок удар во сферата на земјоделството и туризмот – рекол министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



