| четврток, 6 декември 2018 |

Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва во Радовиш и Струмица

vmromiting_1

Владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите предизборни митинзи.

Во денешната агенда, два големи митинзи се најавени во Радовиш и Струмица.

Кандидатот за градоначалник на Радовиш од владејачката партија, Сашко Николов, ќе биде претставен пред своите сограѓани во 17:00 часот.

Во 21:00 часот вечерва започнува митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во  Струмица. Таму довербата ќе ја побара кандидатот на владејачката коалиција Васил Пишев.

На митинзите е предвидено да се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски.

Дополнително, кандидатите за градоначалници на „За подобра Македонија“, секојдневно одржуваат мини митинзи во своите општини, посети на неселени места и средби со граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top