| четврток, 6 декември 2018 |

Дисциплински постапки за 22 полицајци

police12

По спроведена дисциплинска постапка во текот на изминатата недела донесени се решенија против 22 вработени во Министерството за внатрешни работи

По спроведена дисциплинска постапка во текот на изминатата недела донесени се  решенија против 22 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

Како што стои во соопштението од МВР на 13 вработени им е изречена парична казна, на петтмина вработени мерка „запирање на постапката“, додека на четворица вработени мерка „писмено предупредување“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top