
Опозициските партии во Косово побараа Владата да формира Фонд за спречување граѓаните да заминуваат во странство и за таа цел да обезбеди 40 милиони евра.
Тоа беше речено на синоќешната заедничка прес-конференција на Алијансата за иднина на Косово, Движењето Самоопределување и Иницијативата за Косово.
– Со тие средства би се создале услови за отворање нови работни места и би се вратила надежта – беше речено на прес-конференцијата.
Тие побараа веќе од утре да почне примена на Резолуцијата за миграции донесена во Собранието на Косово, додавајќи дека Владата треба итно да го формира фондот, бидејќи иселувањето не може да се спречи со полициски мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


