
Заминувањето од Косово на албански жители не стивнува иако на административниот премин „Мердаре“ сега е оневозможен премин на автобуси со емигранти, кои преку Србија заминуваат за Унгарија.
Според приштинските медиуми, синоќа голем број луѓе, главно со приватни автомобили, заминале кон преминот „Врмици“ со Албанија и потоа се упатиле кон Црна Гора, од каде што ќе се обидат да заминат во некоја држава од Европската унија.
Лицата што синоќа го напуштиле Косово главно користеле приватни автомобили за да ја избегнат ситуацијата да бидат спречени да го напуштат Косово доколку заминеле до автобус, наведуваат медиумите.
– На кој било начин ќе се обидам да не останам на Косово. Не може да се живее без работа. Тука нема надеж за живот – вели еден од емигрантите, кој синоќа со семејството од Косово се упатил кон Албанија.
– Зголемен е бројот на граѓани што преминуваат во Албанија. Тие велат дека одат на забава, но веќе не се враќаат – вели извор од царината на Косово за приштински медиуми.
Весникот на албански јазик „Блиц“ наведува дека бројот на заминати од подрачјето на Призрен и натаму не се знае, но во училиштата во тој регион голем број ученици веќе не одат на настава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


