Манчестер Јунајтед се спасуваше од пораз во судиското продолжение од мечот кој го играше во рамките од 24.коло од Премиер лигата против Вест Хем на гостински терен.
Избраниците на Луис Ван Гал пропуштија шанса со евентуална победа да се искачат на третото место на табелата зад Челси и Манчестер Сити.
Сепак и бодот е огромен успех за „црвените ѓаволи“ бидејќи израмнувачкиот гол Дејли Блинд го постигна во судиското продолжение.
Вест Хем дојде во водство во 49 минута преку Кујате кој најпрвин жонглираше, а потоа од вртење го изненади голманот на Манчестер Де Геа покрај заспаната одбрана на најтрофејниот англиски клуб.
Шпанецот повторно беше најдобар во својот тим успевајќи да одбрани неколу тешки удари. На спротивната страна Руни, Ван Перси, Фалкао и Фелаини немаа свој ден и не ги искористија шансите за погодок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)