| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени на дело, признание на луѓето од мрежата на Верушевски дека работеле за пари и за странски служби

Лицата се сомичат за кривични дела шпионажа и насислтво према претставници на највисоките државни органи, истакна помошник минитерот за односни со јавност, Иво Котевски

apsenje_201322012577

МВР ја продолжи истрагата во врска со случајот „Пуч“ при што уапсени се две лица, кои соработувале со веќе пријавените во истиот случај. Едниот од приведените е 49-годишно лице вработено во МВР, а вториот уапсен е поранешен вработен во МВР за кого во 2013 му е раскинат договорот. Двајцата биле вработени во 90-тите години.

Двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, превземајќи активности и чекори за кои биле богато финаниски наградени. Од првично направените проверки имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина но и во акции кои завршиле кај нив. Лицата се сомичат за кривични дела шпионажа и насислтво према претставници на највисоките државни органи, истакна помошник минитерот за односни со јавност, Иво Котевски.

По наредба на јавен обвинител извршен бил претрес на 5 локации во домови и други објекти при што запленети се 5 лаптоп компјутери, три куќишта од компјутер, 19 мобилни телефони од кои 6 со сим картички, 100 CD и DVD, 110 видео и аудио касети, 14 флопи дискови, 17 хард дискови, како и 9 штедни книшки.

Котевски посочи дека за време на претресите пронајдена била и евиденција за околу 600 акции на име на седум правни субјекти сопственост на еден од пријавените.

Од запленетите книшки, четири девизни се од Стопанска банка со штеден влог со вредност од околу 13 илјади евра и 5 од Еуростандард банка од кои 2 девизни со штеден влог 24.600 евра и три денарски книшки со штеден влог од над 9 милиони денари.

Против 52-годишниот Ѓ.Л. од Скопје и 49-годишниот З.К. од Велес денес е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка на еден од уапсените му одредил мерка притвор. Според првичните информации тој посочи како го сторил делото за кое е осомничен. Вториот осомничен во секој момент се очекува да биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка.

МВР и во иднина продолжува со сериозната истрага за случајот Пуч во координација со Јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top