Сѐ почесто се пишува за здравата исхрана. Иако промовирањето на здравјето е позитивна работа, тоа има и својата негативна страна. Таа се вика орторексија.
Орторексија или ortorexia nerviosa, како што е стучното име за оваа болест, се дефинира како пореметување во исхраната кое подразбира екстремна или претерана преокупација со здрава исхрана и избегнување на храна која се смета за нездрава.
Како што анорексијата е страв од дебелеење, така орторексија е страв да не се изеде нешто што не е здраво.
– Нашата култура го промовира здравјето, што е многу добро. Но, луѓето знаат да претеруваат кога станува збор за здравата исхрана – вели Сондра Кронберг од Националната асоцијација за проблеми со исхраната.
Овие луѓе често се изолираат од општествените настани за да ја избегнат храната која не скаат да ја конзумираат. Уште пострашно е што многу луѓе денес сами себе си поставуваат дијагнози како што интолеранција на глутен. Доктор Питер Грин вели дека тоа е чест случај.
– Имаме пациенти кои не знаат што да јадат, бидејќи во храната гледаат извор на сите свои проблеми – вели доктор Грин.
Здравата исхрана, во вистинска смисла подразбира умереност, а не опседнатост.
– Кога сте на забава, а таму служат помфрит, слободно може да се послужите. Вашето тело сигурно може да го издржи тој оброк – вели Кронберг.
За оваа болест, орторексија, првапат станало збор пред 20 години, така што не постојат проценки колку луѓе во светот боледуваат од неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова се првите симптоми на рак на дебело црево…
-
Уште еден дипломат од американската амбасада во Куба заболе од мистериозната болест
-
Ова бебе има 23 години: Роден е 1995 година и престанал да се развива откако наполнил една година (видео)
-
Внимавајте на своите деца: Опасна полово пренослива болест се шири меѓу младите