„Римската волчница“ конечно по четири нерешени средби во Серија А лигата успеа да слави победа на гостувањето против Калјари од 2-1.
Избраниците на тренерот Гарсија сериозно ја сфатија резултатската криза и беа спремни на овој натпревар да дојдат до трите бода. Калјари беше одличен противник, но денеска неможеа против расположените играчи на Рома да сторат нешто повеќе.
Адем Љајиќ во 37 минута го доведе својот тим во водство од 1-0, додека победата ја осигура замената за Љајиќ, Паредес во 85 минута. Домаќините почесниот погодок го постигнаа на неколку секунди до крајот на мечот преку М’Поку.
Со новите три бода сега Рома има 46 бода и заостанува зад лидерот Јувентус со седум бода.
Наполи ја продолжи одличната низа на победи со денешниот триумф над Удинезе со 3-1. Мертенс и Габиадини го доведоа својот тим во сигурно водство од 2-0 во осмата и 21 минута од натпреварот, но Тереу внесе немир во редовите на наполитанците со голот во 27 минута. До крајот на првиот дел Удинезе со сите сили се обиде да го израмни резултат, но немаа среќа во завршницата од нападите.
Сепак во вториот дел токму Тереу постигна уште еден гол но во својата мрежа за конечни 3-1.
Резултати: Верона – Торино 1-3, Јувентус – Милан 3-1, Фиорентина – Аталанта 3-2, Калјари – Рома 1-2, Емполи – Чезена 2-0, Наполи – Удинезе 3-1, Сампдорија – Сасуоло 1-1
Интер – Палермо (20,45ч)
Лацио – Џенова (понеделник, 20.45ч)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)