Потрошувачите од улиците „Џумајска“ и „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош утре, од 10 до 12 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидет и корисниците од булевар „АВНОЈ“ број 106 и 108, како и околните станбени и стопански субјекти во општина Аеродром.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-системот од стран на екипите на ЕВН Македонија АД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.