| четврток, 6 декември 2018 |

Секс скандал во Манчестер Јунајтед

mancester-junajted-500

Раководството на Манчестер Јунајтед започна внатрешна истрага за однесувањето на неколку играчи, кои ги нарушиле етичките правила на однесување.

Причината за ваква истрага, како што пишуваат британските медиуми, е видео снимка на која фудбалер на клубот, чие име се уште се држи во тајност, имал сексуални односи со 20 годишна девојка во тоалет на еден ноќен клуб во Манчестер.

Останатите играчи кои биле присутни со своите мобилни телефони го снимале нивниот клупски колега и девојката. Потоа видеото го покажале и на останатите играчи на овој тим.

Раководството на Јунајтед стравува дека оваа видеоснимка може да се најде на интернет и со тоа да биде нарушен угледот на клубот. Од Манчестер Јунајтед засега одбиваат да коментираат за случајот, пишуваат англиските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top