| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство за Србија: Ја заклал партнерката

ubistvo500ht5yr5eged

Жестоко убиство го потресе селото Виево во близина на Смолјан. 50-годишниот Маријан ја заклал својата партнерка 45-годишната Соња Димитрова. Тој неколу пати ја прободел со нож по што и го го отсекол вратот, откако видел дека Соња е мртва, започнал да бега, по што решил сам да си пресуди. Прво го искористил ножот со кој ја убил девојката, но откако не успеал, се обидел да се обеси со врвките од обувките, но и тој обид завршил неуспешно, пренесува Блиц.

Во меѓувреме бил пронајден од полицијата и уапсен. Селото Виево е шокирано од овој немил настан. Мештаните велат дека Маријан и Соња често се расправале.

-Често се расправаа, минатата година Марјан ја избоде со нож но таа преживеа. Овојпат успеа во намерата, изјавила нивна соседка за Блиц.

Неофицијално, Маријан бил многу пијан за време на злосторството, па дури отпосле сфатил што направил.

Полицијата го истражува убиството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top