| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус го победи Милан (видео)

curva-della-juventusШампионот на Италија Јувентус оствари сигурна победа во дуелот од 22.коло од Серија А. На домашен терен синоќа беше совладан Милан со 3:1. Серијата голови ја почна Карлос Тевез во 14.минута, а на 1:1 изедначи Лука Антонели (28 минута). Ново водство за Јувентус донесе Леонардо Бонучи (31 минута), додека конечните 3:1 ги постави Алваро Мората (65 минута).


Juventus vs Milan 3-1 All Goals by Sportvideos

На вториот натпревар одигран синоќа Верона – Торино 1:3.

Денеска се играат натпреварите:
Фиорентина – Аталанта,
Каљари – Рома,
Емполи – Чезена,
Наполи – Удинезе,
Сампдорија – Сасуоло
Интер – Палермо.

Лацио и Џенова натпреварот го играат во понеделник, а Парма и Киево во среда.

Табела:
Јувентус 53 бодови,
Рома 43,
Наполи 39,
Лацио 34,
Сампдорија 34,
Фиорентина 32,
Торино 31,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top