Американското Министерство за правосудство објави дека се уапсени пет лица по потекло од Босна и Херцеговина, коишто живеат во САД, поради здружување со цел да се даде помош на терористите во Сирија и во Ирак.
Обвинението е подигнато против вкупно шест лица, но еден од обвинетите се наоѓа во странство и не бил достапен за американските правосудни органи. Тие се товарат за доставување пари и опрема, вклучително и американски воени униформи, за терористичките организации Ал Каеда, Фронтот ан-Нусра и Исламската држава, се наведува во соопштението на министерството за правда на САД.
Според обвинението, парите и опремата од САД биле испраќани на посредници во Турција и во Саудиска Арабија, којашто ги проследувала до џихадистите во Сирија, Ирак и во други земји.
За здружување поради материјална поддршка на терористите обвинети се 40-годишната Рамиз Зијад Хоџиќ и неговата 35-годишна сопруга Шедина Ункиќ Хоџиќ, како и Армин Харчевиќ (37) од сојузната американска држава Мисури, потоа 26-годишниот Нихад Росиќ од Њујорк, и Медих Салкичевиќ (34) и Јасминко Рамиќ (42) од државата Илиноис. Рамиз Зијад Хоџиќ и Нихад Росиќ, исто така, се обвинети и за намери да убиваат лица во друга земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонски државјанин уапсен во Албанија поради шверц на оружје
-
САД и Русија остануваат најголеми извозници на оружје
-
Кога Босанци ќе се скараат во Австрија: Извадил лопата од багажник и му го демолирал „Бе-ем-ве“то
-
Тргнал во „пријателска“ посета: Возач уапсен на граница со цел арсенал оружје и 9 литри ракија