Корисноста на ленено семе е поради присуството на голем број минерали и хранливи состојки, вклучувајки и Омега 3 масните киселини. Лененото семе содржи големо количество калиум, магнезиум, витамин Е, есенцијални аминокиселини. Тоа не се користи само за здравјето на човекот, туку и на кожата како одлично козметичко средство.
Лененото семе има многу корисни особини каде се напишани во многу списанија ширум светот. Но најчест случај, голем број на жени трошат многу финансии на скапи козметички третмани за разлика од користење на природни и ефтини производи кои природата ги дава.
Ви препорачуваме фантастична маска за затегнување на лицето од ленено семе за сите типови на кожа. Лененото семе за маска го припремаме како цело или како сомелено зрно. 1 лажица ленено семе прелијте ја со 1/3 чаша зовриена вода, промешајте неколку минути, а потоа покријте го садот со салфета и оставете да отстои до утрината.
Нанесувањето правете го на исчистено лице со природен тоник или лосион за лице и врат. За време на нанесувањето немојте да разговарате и да се смеете, најдобро е да го правите во тишина и да бидете опуштени. Кога ќе завршите со постапката, измијте го лицето со млака вода и нанесете на лицето хранлива крема.
По 12 – 15 секојдневни процедури нема да се препознаете себе – со многу подобар изглед на вашето лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лицето покажува што јадете погрешно: Вино-црвенкаста кожа, глутен-отечени образи, шеќер…
-
Што да направите кога ќе изгорите на сонце и кожата ќе почне да ви се лупи?
-
Кожата сигнализира на болести: Проверете ги сигналите што ви ги дава
-
Во Холивуд не е добро да имате вишок килограми: Ова е суровата реалност (галерија)