| четврток, 6 декември 2018 |

Расте цената на нафтата, нови цени на горивата и во Македонија?

Цената на нафтата денеска продолжи да расте. Барел американска „лесна“ нафта за испораката во март на берзата во Њујорк е поскап за 90 центи и се продава по цена од 51, 38 долари, додека барел северноморска нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон е поскап за 84 центи и сега чини 57, 41 долар, пренесе агенцијата Франс прес.

– Колебањето во цените на нафтата пред се е мотивирано од вестите што се однесуваат на податоците за залихите, а таквата променливост најверојатно ќе опстане и денеска по објавувањето на податоците за бројот на нафтените ископувања во САД, изјави аналитичар за агенцијата.
Заклучно со 30-ти јануари бројот на нафтени ископувања во САД е намален за 94, од 2.393 на 1.223, во однос на истиот период минатата година.
Оттука, голема е веројатноста од понеделник, Регулаторната комисија за енергетика да ги покачи малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top