| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико го нокаутираше Реал во битката за Мадрид (видео)

ATLETICO MADRID VS. REAL MADRID

Фантастична победа на Атлетико Мадрид во градското дерби против Реал Мадрид од 4-0! На Висенте Калдерон владееше „помалиот“ тим од шпанската престолнина од самиот почеток на натпреварот.
Црвено-белите на последните шест натпревари против кралскиот клуб не знаат за пораз, а посебно болен ќе биде овој пораз за Роналдо и другарите бидејќи на денешниот натпревар Реал Мадрид славеше љубилеј, 4000 натпревар во историјата на клубот.
Реал Мадрид првпат оваа сезона не успеа да постигне гол, а избраниците на Диего Симеоне знаеја како да ги спречат скапите ѕвезди на Реал тоа да го сторат.

ATLETICO MADRID VS. REAL MADRID

Победата ја најави Португалецот Тијаго со гол во 14 минута по една грешка на Икер Касилјас, додека вториот гол кој беше вистинско ремек дело бидејќи беше постигнат со „ножички“ беше дело на Саул четири минути подоцна. Грижман во 67.минута и по третпат ја затресе мрежата на „кралевите“, по што беше јасно дека Атлетико Мадрид ќе слави огромен триумф над градскиот ривал. Во самата завршница, Марио Манџукиќ по одлично нафрлена топка на Фернандо Торес постигна и четврти погодок, за конечен епилог, 4-0 за Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top