Укината е препораката за превривање на водата за пиење во Неготино и таа може да се пие, изјави денеска директорката на јавното претпријатие „Комуналец” од Неготино, Наташа Лазова.
Таа посочи дека обилните врнежи од дожд на подрачјето на Тиквешијата изминативе денови придонеле да дојде до заматување на водата за пиење која до граѓаните на општина Неготино доаѓа од регионалниот водовод Лукар.
– Водата беше заматена и покрај зголеменото присуство на хлор во неа. Врз основа на направените согледувања и мерења на нејзината заматеност, во понеделникот ги информиравме граѓаните на општина Неготино дека водата за пиење пред нејзината употреба задолжително треба да се преврива, истакна Лазова.
Таа нагласи дека редовно се следи состојбата на терен и за секоја промена населението навреме се информира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.