| четврток, 6 декември 2018 |

Дербито за Атланта, Перо Антиќ одигра просечен натпревар (видео)

atlanta

Богатата програма во НБА лигата донесе 12 натпревари. Дербито се одигра во Атланта каде се сретнаат двата најдобри тима во досегашниот дел од сезоната домаќинот Атланта и најдобриот тим во лигата Голден Стејт Вориорс.
Тимот на Перо Антиќ славеше со 124-116 и повторно се врати на победничките патеки. Хоукс заслужено го одбрани домашниот паркет од гостинските играчи кои дојдоа беа крајно мотивирани да победат, но сепак тоа не се случи. Во натпревар со многу поени целиот тим на Атланта одигра одличен натпревар.
Перо Антиќ беше на паркетот нешто повеќе од 16 минути и запиша само два поени, со промашени шест удари од исто толку обиди, но одигра одлична одбрана.
Со оваа победа Атланта го презема лидерското место во лигата со 42 победи и само девет порази.
Фантастичната игра на Клеј Томсон и Стеф Кари со 29, односно 26 поени не беше доволна за Вориорс, бидејќи на спротивната страна тимската игра на Атланта беше клучот за победата. Џеф Тиг реализираше 23 поени, Пол Мислап имаше 21, додека Корвер и Скот постигнаа по 17 поени.

Серијата од 12 победи по ред на Кливленд неочекувано беше прекината со гостувањето против Индијана. Ирвинг постигна 29 поени, четири повеќе од Леброн Џејмс, но и тоа беше премалку за да се слави над расположените пејсерси, кои по бројните проблеми поради повреди имаат скор од 19 победи и 21 порази во досегашниот дел од сезонава.

Најинтересно беше во Оклахома сити, каде Расел Вестбрук постигна рекордни 48 поени, надополнети со 11 асистенции, но и тоа беше премалку за да се совлада тимот на Њу Орлеанс, кој славеше со 113-116 благодарение на тројката на Дејвис, кој го заврши мечот со 41 поен.

Резултати:

Феникс – Јута 100-93, Бруклин – Њујорк 92-88, Индијана – Кливленд 103-99, Орландо – ЛА лејкерс 103-97 (по прод.), Торонто – ЛА клиперс 123-107, Атланта – Голден стејт 124-116, Бостон – Филаделфија 107-96, Детроит – Денвер 98-88, Хјустон – Милвоки 117-111, Минесота – Мемфис 90-89, Оклахома – Њ Орлеанс 113-116, Сан Антонио – Мајами 98-85.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top