| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Кавадарци- 18 годишно момче почина на фудбалски терен

18 годишно момче починало среде фудбалски натпревар во Кавадарци. Трагедијата се случила вчера попладне непосредно пред младиот кавадарчанец М.В. да зачекори на теренот, јавува весникот Дневник.

Од болницата во Кавадарци за весникот велат дека трагедијата се случила вчера попладне за време на фудбалски натпревар во спортската сала “Партизан”. Момчето сакало да влезе на теренот за да игра, но само што се обидело зачекори на теренот се струполило на земјата.

– Биле направени обиди да се реанимира со срцева масажа и соодветни медикаменти. Кај нас беше донесено без сознание и без спонтано дишење. Само со една слаба срцева функција. Околу 50 минути траеше реанимацијата од стручна екипа од неколку доктори при што беа преземени и сите неопходни мерки и дадени потребните лекарства. Но за жал момчето почина. Всушност се работеше за клиничка смрт и ние направивме обиди да се врати во живот. Причните за смртта дополнително ќе се  знаат. Ја известивме полицијата за случајот. а по наредба на истражен судија врз телото ќе се изврши обдукција -изјавиле дежурните лекари во кавадаречката општа болница за Дневник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top