| четврток, 6 декември 2018 |

Тина Мазе е новата светска шампионка во спуст (видео)

Alpine Skiing World Championships 2015

Словенечката алпска скијачка Тина Мазе е новата светска шампионка во спуст. Таа синоќа на светското првенство што се одржува во американскиот скијачки центар Бивер Крик успеа да спави победа во спуст со време од 1:45,89 минути и за само две стотинки беше подобра од Ана Фенингер од Австрија која успеа да слави пред два дена во дисциплината супервелеслалом со три стотинки пред Тина Мазе.
На третото место на вчерашната трка се пласираше Швајцарката Лара Гут со заостанување зад победничата од 34 стотинки.
Со оваа победа Мазе стана најстарата светска шампионка со 31 година и 280 дена.
Следната трка на распоредот во Бивер Крик ќе биде спустот во машка конкуренција кој се вози вечерва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top