| четврток, 6 декември 2018 |

„Ноќни волци“: Не се плашиме да ја браниме Македонија

Членовите на мото-клубот „Ноќни волци“ синоќа ја искажаа својата загриженост од можноста одредени странски служби преку своите влијанија и одредени црни сценарија да направат некаква штета на Македонија.

Сакаме да апелираме до оние кои го почитуваат она што ние како клуб го правиме и до сите граѓани да не бидат актери и дел од такви црни сценарија. Да не дозволат да се случи хаос преку секојдневните уцени кои ги слушаме од одредени служби кои доаѓаат од надвор. Ние како интернационален клуб почувствувавме едни такви лоши моменти каде што нашите браќа некои од нив загинати, некои се уште во воени дејствија, ги штитат сопствените семејства и демократско право и во ниту еден случај не би сакале тоа да и се случи на Македонија – изјави претседателот на клубот Ленин Јовановски.

Јовановски вели дека како патриотски клуб никогаш нема да се плашат да застанат во одбрана на државата со сите легални расположливи средства.

Претседателот на клубот „Ноќни волци“ вели дека во нивната организација има луѓе со разни политички убедувања, некои дури и членови на политички партии, но Ленин додава дека во ваква ситуација сите се согласиле дека треба да повикаат на разумност и да мислат на државата, а не на внатрепартиски и лични интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top