| четврток, 6 декември 2018 |

Комити се подготвуваат за 30 – годишниот јубилеј: Во петок на дефиле низ Скопје со Ноќни волци, главната прослава во недела

Вардаровите навивачи „Комитите“ со полна пареа се подготвуваат за одбележувањето на 30-годишнината од своето формирање планирано за 19. ноември на „Филип Втори“ за време на првенственото дерби меѓу Вардар и Пелистер.

„Комитите“ за одбележувањето на јубилејот ги повикуваат сите вардарови навивачи и нивни симпатизери, било активни или не, признавајќи ја сопствената грешка дека изминативе години непотребно се создаде јаз и нетрпеливост меѓу Скопје и внатрешноста, па место да го зацврстат своето навивачко ткиво по независноста дополнително Вардар се оддалечи од своите фанови и другите градови во Македонија.

– Грешевме во минатото признаваме, со нашето недоволно согледување на реалноста, несразмерната регионална развиеност, миграцијата кон главниот град, (за која немавме никаков удел), потпомогнавме да се продлабочи јазот помеѓу внатрешноста и главниот град, и Вардар наместо да се доближи до своите навивачи од внатрешноста, ние со своите постапки придонесовме љубовта да биде некомплетна, привилегијата и правото да се сака Вардар неправедно го пренесовме како ексклузивно кон главниот град… Се извинуваме поради тоа, велат “Комитите“ во своето соопштение.

– Нашата трибина во Недела, 19.11.2017 ќе биде составена токму од местата посочени во демографскиот приказ, и во името на љубовта кон Вардар и боите на клубот кој не врзува сите нас, ве повикуваме да ни се придружите, Добредојдени сте сите !!! Скопје-Тетово, Струга-Гостивар, секој град и село е Македонија, тука сонцето грее најсилно, стани Македонче ова е твојот дом!!!, повикуваат „Комитите“.

Во рамки на одбележувањето на овој јубилеј на навивачката група на Вардар, во петок „Комитите“ заедно со мото клубот “Ноќни Волци” ќе излезат на дефиле на скопските улици кое ќе движи по следната рута:

Старт – Железничка Станица во Населба Драчево – 18:00ч.
Попатни станици: Ново Лисиче – Аеродром – Кисела Вода – Центар – Карпош 1, 2, 3, 4.

Дефилето е дел од серијата активности кои навивачката група Комити ги организира по повод прославата на јубилејот 30 години од формирањето. Покрај него, „Комити“ ќе имаат свои активности и пред и по мечот на РК Вардар со Рајн Некар Левен, а кулминацијата е најавена за во недела на мечот против Пелистер на Филип Втори Арена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top