| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски најави гасификација во Карпош

Кандидатот за градоначалник за општина Карпош, Стевчо Јакимовски вечерва на средбата со жителите на населбата Тафталиџе најави гасификација на општината и формирање на фонд за реконструкција на азбестните кровови во домовите.

– Сите оние што имаат азбесни кровови ќе почнат да аплицираат и заеднички да вршиме нивна замена. За високите згради ќе формираме сопствен сервис со којшто ќе ги реконструираме лифтовите затоа што тоа станува сериозно безбедносно прашање, рече Јакимовски.

Тој одржа и митинг во населбата Карпош 3 каде ги претстави својата визија и плановите за развој на општината. Вети  изградба на културни домови, спортски сали и стимулирање на млади претприемачи преку ослободување на такси и давачки доколку вработат над 70 проценти од жителите на Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top