Американскиот универзитет Харвард официјално забрани сексуални односи меѓу професорите и студентите.
Одлуката е донесена во рамките на ревизијата на политиката за сексуално вознемирување и злоставување.
На студентите од додипломски студии им е забрането да имаат „романтични и сексуални односи“ со професорите, без оглед дали им предаваат или не. Студентите од постдипломските и докторските студии не можат да имаат сексуални односи со своите предавачи и ментори.
Таква забрана уште во 2010 година донесе универзитетот Јејл, а универзитетот во Конектикат во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.