| четврток, 6 декември 2018 |

„Пекабеско“ ги намали цените на своите производи

Ова е втор пат како компанијата организира ваква акција по Новогодишните празници. Минатата година „Пекабеско“ ги намали цените на своите производи за 10 проценти

unnamed (2)

„Пекабеско“ ги намали цените на своите производи на сите продажни места во просек за 15 проценти. Оваа акција ќе трае до 15 март годинава, соопшти компанијата.

– Како компанија секогаш се трудиме да возвратиме на довербата и лојалноста која ни ја даваат потрошувачите, купувајќи ги производите на „Пекабеско“. Свесни сме дека околу новогодишните празници граѓаните имаа големи трошоци, па сметаме дека сега е вистинско време за оваа промотивна акција која покрај во нашата земја, ќе важи и за потрошувачите од Србија, Косово, Црна Гора и БиХ – соооштија од Пекабеско.

Ова е втор пат како компанијата организира ваква акција по Новогодишните празници. Минатата година „Пекабеско“ ги намали цените на своите производи за 10 проценти.

Нашиот најголем производител во сувомесната индустрија го прошири својот производствен капацитет преку отворање на нов Производствено – логистички центар кон крајот на 2012 година. Ова инвестиција беше вредна 13 милиони евра и придонесе за отворање на нови 100 работни места.

– Првата година по инвестицијата, производството се зголеми за 70 проценти, а минатата година за дополнителни 40 проценти. Затоа „Пекабеско“ денес брои 430 вработени, а постојано сме отворени за нови вработувања – велат од компанијата.

Изминатата 2014 година „Пекабеско“ оствари рекорден извоз во висина од речиси седум милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top