| четврток, 6 декември 2018 |

„Пекабеско“ донираше пакети со храна за социјално загрозени семејства

 Во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје, „Пекабеско“ подели 27 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства

Foto donirani prvite 27 paketi so hrana 1

Во рамките на „Фејсбук“ акцијата на „Пекабеско“ – „Секој твој лајк помага“, компанијата одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. „Фејсбук“ страната на „Пекабеско“ достигна бројка над 50 илјади лајкови, со што беа донирани првите 27 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.

Foto donirani prvite 27 paketi so hrana 2

Акцијата ќе се спроведува се до постигнувањето на 100 илјади лајкови на страната на „Пекабеско“, а на секои нови 10 илјади лајкови ќе бидат донирани пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.

Стратегијата на компанијата на социјалните мрежи е водење на уникатен пристап кој се базира на оригинални фото и видео содржини,  како и рецепти преку кои се промовираат производите на „Пекабеско“. Целта на компанијата е постојано да биде отворена и достапна за мислењата на потрошувачите, користејќи ја предноста на социјалните медиуми во делот на интерактивноста и двонасочната комуникација.

Од компанијата се заблагодаруваат на хуманите граѓани кои досега помогнале за успешно реализирање на оваа хумана активност и ги повикуваат сите кои сакаат да помогнат со лајк на нивната „Фејсбук“ страна: https://www.facebook.com/Pekabesko

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top