| четврток, 6 декември 2018 |

„Пекабеско“ донираше млеко и сувомеснати производи во пунктот за бездомници

Во пунктот за бездомници на Црвениот Крст во Момин Поток, „Пекабеско“ донираше млеко и сувомесни производи наменети за бездомните лица.

„Пекабеско“ со донирање на пакети производи се приклучи на големиот број на хумани граѓани, волонтери и компании кои секојдневно ги згрижуваат бездомниците, особено во овој период заштитувајќи ги од студените температури и поларната зима која ја зафати Република Македонија.

unnamed (1)

Во координација со Црвениот Крст на Град Скопје, пакетите за храна во рамките на општествено одговорната акција „Секој твој лајк помага“ беа наменети и донирани во Пунктот за бездомници на Црвениот Крст во Момин Поток.

unnamed (2)

– Благодарни сме на огромниот број потрошувачи на кои првиот избор им се производите на Пекабеско. Со тоа овозможуваат континуирано да бележиме раст на компанијата и постојано да инвестираме во заедницата преку вакви и слични активности. Голема благодарност и до Црвениот Крст на Град Скопје со кои во континуитет остваруваме успешна соработка базирана на принципите на хуманост и солидарност кон ранливите групи во Македонија – велат од „Пекабеско“.

Акцијата, која компанијата ја спроведува заедно со Facebook заедницата е наречена „Секој твој лајк помага“, а Пекабеско за секој нов лајк на страната на Facebook одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Претходно, во рамките на оваа акција беа донирани 57 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top