Никој не сака нова војна во Европа, рече украинскиот премиер Арсениј Јацењук, пренесе РИА Новости.
Премиерот на источноевропската земја, по средбата со словачкиот колега Роберт Фицо, изјави: „Украина целосно разбира дека конфликтот во источниот дел на земјата не може да се реши само со воени средства. Никој не сака нова или голема војна во Европа“.
Зборовите на Јацењук дојдоа веднаш откако во Москва почнаа преговорите за кризата меѓу рускиот претседател Владимир Путин, претседателот на Франција, Франсоа Оланд, и германската канцеларка, Ангела Меркел. Тројцата политичари бараат дипломатско решение на проблемот.
Пред почетокот на средбата, РИА Новости објави коментар на Михаил Горбачов, кој изразил оптимизам за наоѓање дипломатско решение за кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Флабурарис: Независни Грци да не ја спречат големата можност за решение на името
-
Заев: Многу сме блиску до решение, остануваат името и опсегот на употреба
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!