ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска отворија заеднички изборен штаб во Кичево, а вечерва се одржа и конвенција на која беа промовирани заедничкиот кандидат за градоначалник Благоја Деспотовски и листата на советници од коалицијата „Кичевчани за Кичево“.
На отворањето на штабот присуствуваа пратениците Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ и Игор Ивановски од СДСМ.
– Мотото „Кичевчани за Кичево“ не обединува сите, не обврзува, не повикува, на 24 март да излеземе на гласање и да прославиме за една историска победа на Кичево како важен и нераскинлив дел од Република Македонија. Политичките разлики тука се надминати во интерес на заедништвото на сите кичевчани, изјави Милошоски.
Двете партии настапуваат заедно во Кичево зашто тоа е, рече Ивановски, од интерес на сите кичевчани.
– Ние тој интерес го почитуваме заради напредокот на градот, стабилноста на Кичево, мултиетничкиот карактер на општината и добрата работа на Советот и на локалната самоуправа. Сите членови на СДСМ и коалицијата ќе го поддржат Деспотовски на изборите за градоначалник. Ги повикувам сите истовремено да гласаат и за заедничката советничка листа, нагласи Ивановски.
Деспотовски истакна дека му е чест што има историска можност, но и должност да ја побара довербата на сите добронамерни кичевчани и од 25 март, како градоначалник на Кичево, да вложи двојни напори за исполнување на неговата програма за целосна урбанизација на градот и заживување на кичевското стопанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата