| четврток, 6 декември 2018 |

Кој си замина од Металург? Речиси сите…

Вистински спортски егоздус го зафати ракометниот клуб Металург, а редовите на македонскиот шампион го напуштија дузина влијателни играчи.

Од почетокот на кризата што го тресе Металург, од редовите на тимот од Автокаманда си заминаа Дарко Станиќ, потоа и Павел Атман, Борозан, Циндриќ, Липовина, Марсениќ и Коциќ. Тоа е првиот бран што најави дека во Металург има сериозни проблеми пред се од финансиски аспект.

Metalurg Brest Meskov 17 (Custom)

Тогаш сѐ уште постоеше надеж дека клубот ќе ја преброди кризата, но најновите заминувања и тоа во голем бран најавуваат уште потешки денови за Металург. По завршувањето на Светското првенство во Катар квартетот репрезентативци Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Велко и Никола Марковски добија исписници, а во последниот бран заминувања се најдоа и Филип Миркуловски, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Ацо Јоновски и веројатно и Ренато Вугринец. Го нема на тренинзи и натпревари ниту Ѓукиќ. Состав за респект и тим што го водеше Металург до најголемите успеси и титули во домашното првенство, но и до две четвртфиналиња во Лигата на шампионите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top