Најдобриот асистент во Премиер лигата Цеск Фабрегас и еден од клучните играчи на Реал Мадрид оваа сезона Германецот Тони Крос биле главните желби за доведување во Манчестер Јунајтед на сега веќе поранешниот менаџер Дејвид Мојес.
Со неговата смена на крајот од минатата сезона на негово место дојде Луис Ван Гал кој јасно стави до знаење до управата на клубот дека тие двајца играчи не му се потребни во тимот и не влегуваат во неговите замисли за следната сезоната.
Двајцата фудбалери вкупно летоска чинеа околу 60 милиони евра, пари што никогаш не биле проблем за управата на „црвените ѓаволи“. Сепак Ван Гал одлучил дека за истите пари е подобро да ги ангажира Анхел Ди Марија и Маркос Рохо кои досега не ги задоволија вкусовите на навивачите.
Фабрегас од Барселона премина во Челси и во првиот дел од сезоната е најдобар асистент во Премиер лигата, додека Крос за 24 милиони евра дојде од Баерн во редовите на кралскиот клуб и е еден од главните алки во тимот.
Единствен играч кој бил желба на двата менаџера е Херера од Билбао кој на крајот од летниот преоден рок сепак премина во Јунајтед за 24 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


