| четврток, 6 декември 2018 |

Талевски: Ќе се бориме докрај во духот на Металург

Филип Талевски ќе биде еден од главните адути на Металург против Војводина во мечот од СЕХА-лигата, иако е најмлад во ростерот на македонскиот првак. Ситуацијата воопшто не е розова по заминувањето на неколкумина македонски репрезентативци од клубот. Потврдено е дека исписници добија Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, браќата Марковски, Велко и Никола, а си одат и Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски и Ацо Јоноски. Без нив Металург мора да се потпре на младите сили и да се обиде достоинствено да продолжи на три фронта, во Лигата на шампионите, СЕХА- лигата и во домашното првенство.

Filip-Talevski-sport84-4

– Ние ќе се бориме докрај. Во духот на Металург е да нема предавање и се надевам дека ќе оствариме добар резултат против Војводина – изјави Талевски.

Мечот против Војводина е закажан за утре од 17.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top