Репрезентацијата на Гана мина низ пеколот до финалето на Африканскиот Куп на Нации во Екваторијална Гвинеа, откако во контроверзен меч со два прекини го победи домаќинот со 3-0.
На теренот фаворитот си поигра со Екваторијална Гвинеа, а таквито развој на настаните тешко го поднесоа домашните навивачи, кои се обидоа да се пресметаат со играчите и навивачите на Гана.
Според информациите од Малабо, пред стадионот се водела вистинска војна меѓу симпатизерите на Екваторијална Гвинеа и полицијата, а за среќа поголем инцидент беше избегнат.
Гана со головите на браќата Ају, Андре и Џордан и со погодокот на Вакасо забележа чиста како солза победа од 3-0 и ќе игра за титулата против селекцијата на Брегот на Слонова Коска. Финалето е закажано за задутре од 20 часот, а мечот за третот место меѓу Екваторијална Гвинеа и ДР Конго ќе се игра утре од 17 часот.
Ghana vs Equatorial Guinea 3-0 all goals and… by tural-borcali
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)