Околу 530 пензионери од Куманово досега се пријавиле за користење на услугата бањско-климатска рекреација. За користење на услугата бесплатен туристички викенд, пак, се пријавиле 120 пензионери, соопштија денеска надлежните од подрачното одделение на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
– Услугата за бањско-климатска рекреација опфаќа шест полни пансиони, бањска терапија, задолжителен здравствен преглед, како и трошоци за превоз на пензионерот до установата во којашто ќе се користи услугата на бањско-климатска рекреација – вели раководителот на подрачното одделение, Мирослав Стојановски.
Од подрачното одделение информираат дека услугата туристички викенд, пак, опфаќа два полни пансиони и превоз до една од туристичките дестинации во земјава. Барањата ќе можат да се поднесат до 16 февруари 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.