| четврток, 6 декември 2018 |

По пауза од 25 години, се појави болеста туларемија која ја шират глувци

mal-i-golem-glusec-srcki

По пауза од 25 години, повтрно во Македонија се појави болеста туларемија која ја шират стаорци. Заразени се две жени кои се разболеле од изметот на глодарите. И двете се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Како што пишува порталот „Здравство24“, нивната здравствена состојба е стабилна, но лекувањето ќе трае две недели.

Во изминатите 25 години ова заразно заболување било регистрирано само двапати.

– Имаат симптоми како грип со висока температура, болки во зглобови, болки во грло. Овие две се и со оток на вратот кај лимфните жлезди и болеска кај нив е дојдена преку дишните патишта. Болеста е потврдена во Институтот за јавно здравје – вели д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во Институт за јавно здравје.
Болеста е карактеристична за пролет и за лето. Но, според епидемиолозите, климатските промени направиле поместување, па заразата ја има и во зима. Во случајот со двете пациентки, ветеринарни служби ќе проверуваат дали во близина на нивните домови има угинати глодари.
– Мора да се провери природното жариште, дали има угинати животни. Значи, заразата доаѓа при контаминација на храна со измет од стаорци или угинати глодари покрај извори на вода. Најчесто доаѓа преку устата. Истото може да биде и кога се мете во куќите и се крева прашина во која пак има остатоци од измет на стаорци – вели д-р Караџовски
Епидемиолозите очекуваат зголемување на бројот на заразени и затоа бараат претпазливост од граѓаните и навремено јавување на лекар.
– Значи, најважно е да побараат помош кај матичен, да не јадат храна која може да биде контаминирана –  вели Караџовски
Едната пациентка која е заразена е 25 години и е од централното скопско подрачје, а втората е повозрасна домаќинка од Арачиново.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top