| четврток, 6 декември 2018 |

Златко Кесковски: За грчките служби се одвојуваат огромни сретства (видео)

Согледувајќи ги позициите на Греција, нејзината јачина, геостратешка политика, согледувајќи го текот на настаните на геостратешката смисла и земајќи ја во обзир Македонија, Кипар, турското прашање со бугарското прашање, албанското прашање во однос на Грција, таа секогаш има политика на тенденција на влијание. Ова во вестите на Македонската телевизија го истакна поранешниот помошник-директор во Управата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи, проф.д-р. Златко Кесковски.

-За грчката служба се одделуваат огромни сретства и за заштита и за тенденција на освојување, односно на можност за влијание во одредени држави во регионот. Нормално е дека грчката држава во вакви околности и во ваков склоп на настани тенденциозно и политиката поткрепена од влијание на разузнавачките служби дејствуваат кон таа насока, токму кон ослабување воопшто на државата во сите нејзини полиња, посочи Кесковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top