Министерството за култура ги скрати парите за награди на фестивалот „Макфест“. На две недели пред одржувањето на фестивалот и пред денешната прес-конференција, Министерството со анекс на договор ја извести општината дека ги намалува средствата за награди. Наместо 10.000 евра за прва награда, сега сумата е 1.500 евра, за втора награда наместо 7.500 лани, сега се предлага 1.000 и за трета награда наместо 5.000 евра ќе бидат дадени 750 евра, велат од Општина Штип.
Организаторите наведуваат дека и изведувачите и авторите се затечени од ваквата одлука, но подготовките за фестивалот течат.
Ќе се пее на матрица бидејќи нема средства ни за ангажирање на ревискиот оркестар. Ќе бидат изведени 30 композиции од кои 6 се изведувачи од странство, а другите домашни пејачи и групи. Годинава има гости од Финска, Азербејџан, Бугарија, Белорусија, Шведска и Таџикистан.
Фестивалот ќе се одржи на 5, 6 и 7 октомври во Домот на културата во Штип. Ова е 32. издание на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.