| четврток, 6 декември 2018 |

Косово ќе ги отпише сите долгови на граѓаните и на фирмите направени до крајот на 2008 година

ко

Косовската Влада реши да формира комисија, која ќе ја разгледа можноста за отпишување на сите долгови на граѓани и на фирми што институции и државни претпријатија ги имаат од 1999 година до 31 декември 2008 година.

– 2008 година беше година на големи промени на Косово, беше прогласена независност, беше усвоен Уставот и законите почнаа да се применуваат – изјави министерот за финансии Авдулах Хоти, кој нагласи дека сега на косовските граѓани им треба нов почеток, да се ослободат од минатото и да се посветат на иднината.

Тој прецизираше дека во рок од еден месец комисијата ќе направи процена на долговите кон даночната служба и цариниците и неплатени сметки за струја, вода, греење и отпад.

Хоти истакна дека таа мерка се применува со цел да се олесни дејноста на фирмите и животот на граѓаните на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top