| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарски градоначалник бара изградба на ограда поради емигранти

imigranti

Градоначалникот на унгарското село Ашотхалом, Ласло Тороцкај, предлага да изгради ограда за да ги спречи илегалните имигранти кои ја поминуваат границата со Србија.

Сѐ почесто емигрантите, пред сѐ, од Косово поминуваат низ шумата на Ашотхалом за да стигнат до Германија и други дестинации во Западна Европа.

Тороцкај на „Фејсбук“ напиша дека Унгарија треба да ги искористи европските фондови за заштита на границите со подигнување гранични огради. Тој наведува дека голем број имигранти секојдневно го посетуваат селото.

Унгарските власти од почетокот на годината добиле 13.000 молби за одобрување азил, а минатата година 43.000 молби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top