Американскиот претседател, Доналд Трамп, го повтори денеска своето ветување дека ќе го натера Мексико да плати за ѕидот на јужната граница објаснувајќи дека земјата ќе добие средства од повторно преговарање за НАФТА, пренесува „Брејтбарт“.
-Не сакам да предизвикам проблем, но на крајот Мексико ќе плати за ѕидот, само да ви кажам … ќе платат за ѕидот и ќе уживаат во процесот, јасно е? – рече тој.
Трамп го критикуваше Мексико дека не прави ништо за да го спречи протокот на нелегални мигранти од јужноамериканските земји што патуваат низ нивната земја, иако уживаат во годишен трговски дефицит од 100 милијарди долари со САД.
-Тие ги заработуваат сите овие пари и апсолутно ништо не прават за да ги спречат луѓето да минуваат низ Мексико од Хондурас и од сите други земји- рече Трамп.
Тој објасни дека на САД им се потребни околу 1 200 километри ѕид на јужната граница бидејќи на речиси 3 200 километри границата веќе има природни бариери. Тој, исто така, ги критикуваше грозните демократи во Конгресот кои го блокираа дополнителното финансирање на изградбата на ѕидот.
„Чак и Нанси – тие не го сакаат ѕидот. Тие сакаат отворени граници. Тие повеќе се заинтересирани да се погрижат за криминалците отколку што се грижат за вас”, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.