| четврток, 6 декември 2018 |

Договорени четири члена на комисијата што ќе ги утврдува случувањата од 24 декември

Илија Димовски и Благородна Дулиќ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчкоски и Рената Десковска од СДСМ, се членовите на експертската комисија која треба да ги утврди случувањата од 24-ти декември, објави  Канал 5.

Според информациите на телевизијата, за петтиот член, односно претседателот на комисијата, ќе продолжат разговорите додека не се постигне консензус. Генералните секретари во вилата Водно се договориле наредните активности поврзани со комисијата и нејзината работа да се одвиваат во Собранието.

 Генералниот секретар на кабинетот на претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски и генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и на СДСМ Андреј Петров попладнево ги продолжиле консултациите за формирање експертска комисија за утврдување на фактите за настаните од 24-тидекември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top