| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено воведувањето фискални со ГПРС за таксистите

Taksi

Такси превозниците добија одложување на рокот за инсталирање фискални апарати со ГПРС уред. Рокот, во согласност со Одлуката на Владата, за 9.000 автотакси-превозници се продолжува до 31 декември 2015 година.

Рокот за сите други обврзници за да инсталираат вакви уреди беше до 31 јануари 2015 година. Управата за јавни приходи со ставањето во функција и имплементација на новиот интегриран систем за фискализација и воведувањето на 54.555 фискалните апарати со ГПРС, отпочна со он-лајн следење на готовинскиот промет од секој фискален апарат, односно следење на финансиските извештаи и прометот на даночните обврзници во реално време.

Сите даночни обврзници кои вовеле фискален апарат со ГПРС уред, потребно е да почнат процедура за дерегистрација на старите фискални каси доколку не го сториле тоа досега.

Дерегистрацијата на старите фискални каси без ГПРС се врши со поднесување пријава за престанок на регистрација на фискален систем на опрема која може да се преземе од веб-страницата на УЈП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top