
-Субвенциите за органско производство оваа година ќе бидат 50 проценти повисоки од оние за конвенционалното, а не како досега само 30 отсто, додека за градинарските култури зголемувањето ќе биде 100-процентно – рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.
Тој денеска на градинката „Срничка“ во скопската населба Аеродром и ја предаде донацијата од органски мед и сирење, акција што е дел од активностите на Министерството за земјоделство за промовирање на домашните органски производи и запознавање на најмладата популација, од најрана возраст со вкусот на органската храна.
– Производството на органска храна е еден од приоритетите на Владата. Затоа силно го поддржуваме, креираме мерки за да ги охрабриме земјоделците да преминат на ваков тип продукција, да се искористат природните ресурси со кои располага државата – нагласи Костадиновски.
Министерството не застанува тука. Како што истакна Костадиновски, покрај директната поддршка, се прават и дополнителни ангажмани за квалитетната еколошка храна да го најде патот до домашните потрошувачи и да стане дел од нивната секојдневна исхрана.
– Почнати се подготвителни активности за отворање продавници за органска храна и реализирање национална кампања за поголема потрошувачка на органското производство – рече заменик-министерот
Според него, специјализираните продавници ќе се отвораат во поголемите потрошувачки центри, а државата ќе финансира дел од трошоците за нивно опремување.
Градинката „Срничка“ беше дел и од фестивалот на органска храна што Министерството го организираше во октомври минатата година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди


